понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Вести

ФОТО: ПРОТЕСТ ПРЕД ЗДРАВСТВО- Да го измиеме срамот на Филипче, толпата снимана и фотографирана од просториите на министерството

ФОТО: ПРОТЕСТ ПРЕД ЗДРАВСТВО- Да го измиеме срамот на Филипче, толпата снимана и фотографирана од просториите на министерството

Пред Министерство за здравство, во организација на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ денеска се одржа протест под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“.

Учесниците на протестот беа снимани и фотографирани од простории во Министерството.

На протестот се обратија повеќе говорници.

Панова до Филипче: Вашите гревови се човечките животи, тоа не може да се надомести

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова на протестот пред Министерството за здравство упати остри критики за работата на Министерот за здравство Венко Филипче.

– Јас не сум медицинско лице, по струка сум правник, па ајде како правник да Ви посочам „министре за смрт” дека не работите согласно Закон! А, оној кој не работи согласно Закон, местото не му е во оваа институција позади мене, туку во некоја друга институција, каде денес лежат невини луѓе, напомена Панова.

Ели Панова го прозва Министерот за здравство Венко Филипче дека неговото министерување требаше да се темели врз законот за здравствена заштита. Доколку имавте барем малку совест и етика, при отпочнување на Вашата функција истиот ќе го прочитавте и веќе ќе имавте сфатено дека секој ден го кршите тој закон, ги кршите членовите 2 и 3 со вашето, незачувување, неспречување, ненавремено лекување, никој нагласувам никој, па ни Вие не смее да го загрозува здравјето на другите.

– Вашата неспособност за менаџирање го загрозува здравјето на обичниот граѓанин, па денес во Македонија имаме рекордна смртност од 4.108 луѓе како последица на КОВИД, според вчерашниот извештај на Економист, Македонија са наоѓа на трето место по смртност во светот!ПОЛОШИ СМЕ ДУРИ И ОД ИТАЛИЈА ВО МОМЕНТОВ. Министре Вие го кршите и членот 6 или начелото на ДОСТАПНОСТ, со кое здравствената заштита треба да биде географски, физички, и економски достапна! Епа министре, општите болници низ Македонија се полни, истите немаат основни медицински средства, се сликате позерски на ДОНИРАНИ , ДОНИРАНИ ВАКЦИНИ, ОПРЕМА, бидејќи не сте способни да набавите, а преживуваат само оние граѓани кои имаат да платат, истакна пратеничката Ели Панова.

– Ефикасни сте министре единствено во пребројување на починатите, Континуирана е единствено Вашата борба за ПРОВИЗИИ, А ПРАВИЧНИ СТЕ во дискриминацијата, оној кој ќе се јави за кревет и ќе плати може и ќе преживее. Од вашето присподобување видовме само ходници полни со пациенти, чекање еден да почине за на друг да му биде дадена боцата со кислород, медицинските лица сами да купуваат опрема и да работат до исцрпување, роднините на пациентите сами да се нудат да им дадат голтка вода, порача Панова.

Пратеничката потсети на немилиот настан од пред неколку дена и го запраша Министерот: Во член 284-Во вонредни услови и кризна состојба Министерот за здравство соработува со ЦУК; Дирекцијата за спасување , Црвениот крст, државни установи и здруженија на граѓани. Со кој соработувате Вие министре кога 90 годишната мајка го грееше телото на својот син пред да почине? СО ХЕЛИКОПТЕРИ И МОТОРИ МОЖЕТЕ ДА СЕ ВОЗИТЕ САМО ВИЕ, обичниот народ нека умира! Vе потсетувам на родилката од Битола, Ве потсетувам на Родилката од Струга. Каде се постапките кои ги отворивте? Власта е неспособна да го заштити здравјето на народот, ама затоа е способна за криминал, корупција и соработка со мафијата. Крими – скандали се вашето секојдневие во власта.

– Да само од вчерашниот ден Македонија ја тресат нови скандали за Ваши другарчиња, како на пример: – Шоферот на Заев фатен со дрога вредна 800.000 евра, во акцијата на ДЕА и Интерпол заедно со него уловен е и Началникот на Полицијата во Прилеп, издадени 94 000 изводи без евиденциски број,турските медиуми полни зошто му е издаден Македонски пасош на шефот на турската Мафија, уапсен уште еден нарко – бос со македонски пасош во Шпанија, заклучи Ели Панова.

Стојаноски: Приоритет на власта е да го снима протестот, додека имаме 4.150 починати лица, тоа е како преку ноќ да го снема Крушево

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денес на протестот во организација на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“ се обрати и посочи дека на она кое што треба да биде протест пред министерство за здравство во последниве три недели излезе дека е протест пред министерството за провизии и смрт.

„Горе десно има човек кој што ја снима толпата која што протестира, видете што им е приоритет, наместо да се растрчаат по светот и по Европа за да обезбедат вакцини за македонскиот народ. До денеска до овој момент имаме загубено 4.150 граѓани на Република Македонија. Тоа е како преку ноќ да го снема Крушево, Вевчани, некои помали градови. А, она што е најтрагично е што таа стапка не се намалува. Па можеме да видиме секој ден по социјалните медиуми дека некој бара помош за да се лекува, да се собираат донации, луѓето се почесто ни кажуваат дека не сакаат да ги отворат социјалните медиуми заради тоа што личат на некролози. Приморани сме поради овие неспособни луѓе секој ден да се збогуваме од наши блиски роднини и пријатели“, нагласи Стојаноски.

Стојаноски додаде дека се можеше поинаку, бидејќи на 2-ри февруари се тргнаа сите пречки во законот за јавни набавки за да луѓето кои што седат во министерството да започнат со набавка на вакцини. Но, 60-тина дена по тоа, ниеден закон не е поминат, и тоа не е поради опозицијата, туку поради власта бидејќи Заев ги примора неговите пратеници да му гласаат доверба.

„И поради неспособноста на власта, ние граѓаните понижени чекаме пред граничните премини на нашите соседни држави да го бараме спасот таму за вакцини“, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека власта протестот го смета за пречење. Зар треба граѓаните на власта да и дозволат да штанцаат пасоши и да дилаат дрога, дури и да пренесуваат дрога низ Република Македонија. Тоа граѓаните нема никогаш да и дозволат на власта. Тоа никогаш нема да им помине.

„Ние сме тука собрани, не за политички поени. Ние сме тука само заради една работа да ги симнеме овие, затоа што се додека се овие таму каде што се нашиот народ ќе умира. Што треба да се направи? Една приоритетна работа, и јас ве уверувам дека од тој момент се ќе тргне подобро, оставка на Заев и Филипче. Една година имаме пандемија и една година покажаа дека се тотално неспособни да ја администрираат и менаџираат“, појасни Стојаноски.

Стојаноски порача дека овој хорор ќе заврши само со оставка на Заев и Филипче.

Попов: Македонија го помина италијанското сценарио, додека Филипче се вози со мотори и хеликоптери

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на денешниот протест пред министерството за здравство под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“, истакна дека Македонија веќе го помина италијанското сценарио во смртност на граѓани на популација од 1 милион жители, додека министерот за здравство се вози со мотори и хеликоптери.

– 4150 мртви е бројка која покажува највисока смртност во свет. За жал веќе се повеќе млади починуваат од Ковид 19. Најмладиот починат имаше само 19 години, пред тоа 22, пред тоа 24, пред тоа 29. Веќе пандемијата не е опасна само за возрасните лица и ризичните групи на граѓани. Нефункционалноста на здравствениот систем, коруптивноста, незаинтересираноста и непосветеноста на властите, не донесе до ниво да секојдневно ни умираат педесетина луѓе, изјави Попов.

Тој вели дека огромна тага и празнина е во душата, што младите наместо да се собираат по конференции, натпревари, борби за знаење, времето го трошат протестирајќи против погрешните политики на власта.

– Но нема како и нема поинаку. Ние ќе го правиме ова, за генерациите после нас да не мораат, да го прават. Тажна држава, тажен народ. Луксузот на Филипче и Заев да се возат со хеликоптер е поважен од животот на еден човек, кој Љупчо путерот го нарече само овчар и ништо повеќе. Жално, тажно и срамно. И го слушам вчера Венко Филипче на телевизија, лут и ироничен кон Унијата на млади сили, вели во Британија се цртале црвени графити срциња во знак на почит на починатите од корона, а тука цртале црни и сме ја користеле ситуацијата за политички поени ситуацијата, рече Попов.

Тој во име на младите од ВМРО-ДПМНЕ на Филипче му порача дека Велика Британија од близу 60 милиони популација, има вакцинирано над 30 милиони народ затоа што државата прави се што може за своите граѓани.

– Тука, наместо да вакцинирате народ, се возите со хеликоптери и мотори, додека одите по луксузни одмори како власт, додека шверцувате дроги и делите идентитети и пасоши на нарко босови, луѓе овде секојдневно умираат. Затоа што се оставени сами на себе, потенцираше Попов.

Попов се осврна и на младите за кои власта велеше дека ќе ги врати, но наместо тоа дели пасоши на нарко босови.

Така надокнадивте?. Затоа вие министре треба да се засрамите, нормално ако воопшто имате срам. Да имавте срам немаше да го правите сето ова и најмалку што ќе направевте е ќе се извиневте и ќе поднесевте оставка, нагласи Попов.

Нелоски: Ако Венко симулира вакцинирање зошто ние да не симулираме миење на срамот на Филипче и Заев

Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се протестот мред Министерството за здарвство под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев“, им порача на припадниците на МВР наместо да го чуваат министерството и министерот да одат да си ја работат работата.

„Поздрав за припадниците на МВР, кои наместо да одат и да ловат нарко босови и шверц на дрога ги натерале да бидат тука и да го чуваат Венко. Од што се плашиш Венко? Тука сме четврта сабота за да им порачаме да дадат оставка, а им ја бараме затоа што не им текнува, а ако дадат оставка ќе го немаат хиликоптерот да се провозат, нема да им се затвораат планини за да се возат со моторни санки или да им затвораат автопати за да се возат со скапите мотори. Минатата сабота се обидовме да го измиеме срамот и стигнаа пораки зошто со толку малку балони вода сме го миеле срамот, па велам ако они прават симулација на вакцинирање ние можеме да пробаме симулација на миење на срамот“, рече Нелоски.

Нелоски рече денес е тажен ден, како и сите денови од оваа недела кога губевме по двоцифрен број на лица.

„Сега ве повикувам повторно со балоните со вода да им го исчистиме срамот, да го поздарвиме и господинот кој не снима, сега одете вака снимајте го шоферот на Заев“, рече Нелоски коментирајќи ја постапката на лице кое од просториите на Минситерството за здравство го снимаше собирот и додаде „драги снимачи од внатре се надевам дека го снимивте протестот ако планирате да казнувате да знаете нема да не исплашите, следната недела пак доаѓаме тука пред Министерството за здавство и за провизија на Венко и Зоран за да им кажеме дека треба да си одат“.

Коронавирус