вторник, 27. септември 2022. Вести денес: 7
home Вести

ФОТО: Повторно гори трската во струшко

ФОТО: Повторно гори трската во струшко

Речиси без исклучок кога е во прашање струшкиот дел од крајбрежјето на Охридското Езеро, овој период од годината, пламнуваат пожари во реоните со трска која е живеалиште на бројни видови растителен и животински свет и значаен сегмент од езерскиот еко систем.

Во текот на вчерашниот ден пријавен е пожар на трска кај месноста „Калишко Поле“ на брегот од Охридското Езеро, во близина на село Калишта. Изгоре поголема површина трска, објавува Охридњуз.

-Од извршениот увид, констатирано е дека опожарена е езерска трска во должина од околу 400 метри и ширина од околу 40 метри а со интервенција на Територијалната противпожарна единица, спречено е неговото натамошното ширење. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. – соопшти полицијата.

Во најголем дел од ваквите случаи, причина за опожарувањето на трската на Охридското Езеро е човекот. Сторителите во најголем дел од случаите минуваат неказнето. Оттаму јавноста со право го поставува прашањето, кој и зошто ги штити уништувачите на животната средина и најстарото и највредно езеро во овој дел од Европа, со која цел, и што прават надлежните институции и инспекциски служби на локално и централно ниво?

Најнови вести

Вести

Во организација на Министерството за економија денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на туризмот. На одбележувањето во Клубот на пратенциите ќе се обрати министерот за економија Крешник Бектеши. Во рамки на одбележувањето на Светскиот дел на туризмот оваа година ќе бидат доделени признанија за животно дело во туризмот.

Коронавирус