понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 136
home Вести

ФОТО: Полициските „Алфи“ заминаа во историја, заедно со името на државата на униформите

ФОТО: Полициските „Алфи“ заминаа во историја, заедно со името на државата на униформите

Промовирана новата Единица за интервентна полиција што ќе делува на територијата на градот Скопје, а ќе работи во состав на Секторот за внатрешни работи во Скопје. Единицата е формирана од досегашната Единица за јавен ред и мир, Единицата за прв одговор и интервенција Алфи и Единицата за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт. Индикативно е што новата единица го нема името на државата на своите униформи.

На промоцијата на Единицата што се одржа денеска во Полицискиот центар во Ѓорче Петров присуствуваше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, идниот технички премиер, кој рече дека оваа реформа била неопходна се со цел да има што поголем број полициски службеници на улица.

– Очекуваме безбедноста во овој поглед се зголеми, да имаме поголемо присуство на униформирани полициски службеници на територија на градот Скопје, да бидат тука и блиски со граѓаните да работат за спречување на секаков вид можен криминал и тоа впрочем низ анализите покажува дека секаде каде се формирани овие единици имаме значително намалување на криминалитетот во тие градови, рече Спасовски.

Додаде дека Единицата ја формирале на основа на моделот на интервентната полиција во Загреб, Хрватска.

– Сметам дека токму денеска, пред Новата 2020 година беше идеален момент да ја промовираме оваа Единица, да се презентира на јавноста дека овие припадници на Единицата се навистина подготвени да се соочат со секаков предизвик и ризик во делот на безбедноста, рече Спасовски.

Коронавирус