сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

ФОТО: Полицијата ќе се обиде да ги спречи демонстрантите да дојдат до пред судот!

ФОТО: Полицијата ќе се обиде да ги спречи демонстрантите да дојдат до пред судот!

Припадниците и специјалците на МВР ќе се обидат да ги спречат демонстрантите кои што протестират против монтираните судски случаеви да дојдат до пред судот.

Имено, припадниците на МВР поставерни се на самиот булевар кај ТЦ Маврока, а со цел на истите да им биде оневозможено да дојдат до пред судот.

Протестот започна од паркот во Чаир, а демонстрантите ќе продолжат до пред судот па потоа и до пред владат на Република Македонија.

Од 13 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, булеварите „Крсте Мисирков“ и „ Гоце Делчев“, улиците „11-ти Октомври“ и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ и други околни сообраќајници. Улиците ќе бидат затворени за сообраќај се до завршување на протестот.

Коронавирус