четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 144
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

ФОТО: Пет дена гори кај мариовското село Брник

ФОТО: Пет дена гори кај мариовското село Брник

Пет дена гори шумата над мариовското село Брдник, јавува репортерот на ТВ21.

Таму интервенираат вработени во ЈП „Национални Шуми Кајмакчалан“ Битола и лица од доброволното противпожарно друштво „Авакота“ Новаци.

Во текот на вчерашниот ден пожарот се движел во три насоки – спрема с.Маково, с.Грумази и с.Брник.

Теренот е претежно непристапен, а гори сува трева и нискостеблеста деградирана дабова и букова шума. Опожарена е површина од над 90 хектари.

ИЗВОР: ТВ 21

Коронавирус