среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 174
home Вести

ФОТО: Пеплосан „Туарегот“ и opyжјето од кое се пукаше во „Александар Палас“

ФОТО: Пеплосан „Туарегот“ и opyжјето од кое се пукаше во „Александар Палас“

Престрелката вчеравечер ја згрози целата македонска јавност. Замислете преполн хотел со пет ѕвездички на само 5 километри од центарот на градот изрешетан со повеќе од 30-тина чаури, ова беше сликата која гостите во Александар Палас ја затекна откако ги напуштија своите хотелски соби и пристигнаа во фоајето на хотелот, чаури на сите страни, општа паника, искршени сталка изрешетан инвертар, анализира Инфомакс.

-Од информациите кои ги сподели МВР изутринава дознаваме дека за среќа нема повредени во оружената престрелка, но приказната не завршува тука. За овој свиреп акт сведочи и едно запалено возило. Трагите за напаѓачите водат кон скопско Арачиново во чија близина е пронајдено возилото кое го користеле напаѓачите. Возилото марка „Фолксваген Туарег“ е целосно пеплосано по нападот. Во возилото се пронајдени две опожарени автоматски пушки марка „Калашников“ со што пристигна потврда за информациите на Инфомакс за какво оружје било користено во престрелката, пишува порталот.

ИЗВОР-ИНФОМАКС

Коронавирус