сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 112
home Вести

Фото: Пендаровски се вaкцинираше со „Фајзер“

Фото: Пендаровски се вaкцинираше со „Фајзер“

Пред малку претседателот Стево Пендаровски ја прими вакцина против Ковид-19 во вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, во Куманово.

По вакцинација претседателот Пендаровски даде изјава во која соопшти дека се чувствува одлично.

Министерот за транспорт и врски, пак, Благој Бочварски ја прими првата доза вакцина против Ковид -19 на вакцинален пункт во Штип.

На пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје се вакцинираа вицепремиерите за економски и за европски прашања, Фатмир Битиќи и Никола Димитров, како и министрите за надворешни работи, за правда, за финансии, за економија и за локална самоуправа, Бујар Османи, Бојан Маричиќ, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Горан Милевски.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија