четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

ФОТО: Падна првиот снег на Стража- еве што најавуваат метеоролозите за следните денови

ФОТО: Падна првиот снег на Стража- еве што најавуваат метеоролозите за следните денови

Метеоролозите за деновите од викендот кој е пред нас прогнозираа дожд на пониските и снег на повисоките места, а вечерва веќе падна првиот снег на планинскиот превој Стража.

За утре од УХМР највуваат дека врнежите ќе имаат слаб до умерен интензитет, а во недела ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. На планините и на некои повисоки места ќе се формира снежна покривка. Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд се очекуваат во вторник.

Да потсетиме, од вчера стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Коронавирус