петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 143
home Вести

ФОТО: Ова се првите бебиња родени во 2021 на ГАК, две момчиња и едно девојче

ФОТО: Ова се првите бебиња родени во 2021 на ГАК, две момчиња и едно девојче

Една минута после полноќ се роди првото бебе во 2021 година на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Триесет и пет годишната Бојана Смилеска, роди здраво машко дете тешко 3650 грама и долго 51 сантиметар. Ова е второ дете во семејството Смилески.

Само неколку секунди подоцна, на свет дојде уште едно машко бебе. Триесет и три годишната Габриела Ѓошевска го роди своето прво бебе тешко 3350 грама, 51 сантиметар долго.

Министерот за здравство Венко Филипче им посака здравје, среќа, многу љубов и безгрижно детство на новородените бебиња.

Министерството за труд и социјална политика на мајката на првото бебе и подари златник, а Град Скопје штедна книшка. Второто бебе исто така доби златник и штедна кништа.

Во 2 часот по полноќ се роди женско бебе и подароци од Град Скопје и МТСП ќе има и за него.

Коронавирус