четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

ФОТО: Ова се четирите деца кои вчера ги загубија своите животи во пожарот во Тетово

ФОТО: Ова се четирите деца кои вчера ги загубија своите животи во пожарот во Тетово

Порталот на албански јазик albeu.com, денес објави фотографија од четирите деца кои вчера настрадаа во пожар во семејниот дом, заедно со нивната мајка.

Фатиме Зулбеари (39) со четирите малолетни деца, три машки и едно женско, на возраст од 6, 9, 12 и 14
години ги загубија животите во вчерашниот пожар. Денес тие беа погребани.

Со минута молчење започна денешната вонредна седница на Советот на Општина Тетово посветена на последиците од вчерашниот голем пожар во градот при што настрадаа Фатиме Зулбеари и нејзините малолетни деца, а беше причинета и поголема материјална штета на три куќи од улицата.

Советниците усвоија одлука со која на семејството Зулбеари им се доделува помош од два милиони денари од резервите на буџетот на oпштина Тетово, а исто така донесоа и одлука со која прогласија тридневна жалост за време на кое нема да се организираат настани од спортот, културата и други јавни настани.

Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека околу 5 часот бил пријавен пожар во куќата на 78-годишниот тетовец С.З. на улица „Гоце Делчев“ во Тетово.

-Опожарен е покривот и горниот кат на куќата, а во пожарот настрадале неговата 39-годишна снаа Ф.З. со четирите малолетни деца, три машки и едно женско, на возраст од 6, 9, 12 и 14 години, информираат од МВР.

Сопругот и татко бил ноќен чувар и не бил во домот кога се случил пожарот.

Командирот на тетовската Територијална противпожарна единица Ука Алити вчера информираше дека пријавата за пожарот кај нив пристигнала во 4 часот и 15 минути од страна на лице по што на самото место интервенирале четири противпожарни возила и 13 пожарникари.

– Во моментот кога дојдовме три куќи беа зафатени од пламените јазици, од кои на средната покривната конструкција беше целосно изгорена. Бидејќи куќите се една до друга и од постар датум, имаше опасност пожарот да ги зафати и другите куќи, меѓутоа со максимално залагање спречивме проширување на огинот на соседните објекти, истакна Алити.

Засега не се знае ниту точната причина од што избувнал пожарот. Постојат сомнежи дека настанал или од печката на дрва на којашто се затоплувале или, пак, од неисправна инсталација.

Коронавирус