вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 6
home Вести

ФОТО: Ова е Србинот кој избоде Македонец и по кого трага цела Малта

ФОТО: Ова е Србинот кој избоде Македонец и по кого трага цела Малта

Полицијата во Малта трага по српски државјанин осомничен за обид за убиство во градот Бугиба, на северот на Малта.

Србинот е осомничен дека избодел 58-годишниот Македонец, кој е во критична состојба.

Се работи за лицето Милош Видаковиќ, од кого порталот Досие објави фотографии.

Полицијата информира дека наводно дошло до расправија, па повредениот Македонец бил пренесен во болница. Таму му била пружена лекарска помош, а поради тешката здравствена состојба, случајот се води како обид за убиство.

Полицијата трага по сторителот кој досега не е пронајден, а полицијата бара сите кои имаат некакви информации да пријават.

И Македонската заедница во Малта испрати апел секој кој има информација да пријави во полиција, а очекува и реакција на МНР и македонската амбасада во Рим.

-Почитувани Македонци кои работите и живеете на Малта ве замолуваме да споделите слика од убиецот (Милош Видаковиќ) на нашиот сограѓанин со што полицијата на Малта ќе може побрзо да го лоцира и спроведе. Доколку имате било какви информации за лицето ве молиме да пријавите во најблиската полициска станица! Полицијата е во постојана комуникација со семејството и прават се што е во нивна моќ да го фатат сторителот. За вакви луѓе нема место на Малта. Се надеваме на брза разрешница на случајот. Воедно очекуваме и реакција и од МНР ( Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia ) како и Aмбасадата на РМ во Рим.