недела, 1. август 2021. Вести денес: 50
home Вести

ФОТО: Освен името, Ципрас ја зеде и вратоврската на Заев за трофеј

ФОТО: Освен името, Ципрас ја зеде и вратоврската на Заев за трофеј

Грчкиот премиер Алексис Ципрас како трофеј ја подигна вратоврската на македонскиот колега Зоран Заев по потпишувањето на Договорот за промена на името во Република Северна Македонија.

По потпишувањето, Заев ја извади својата вратоврска за заедничката фотографија со претставниците на меѓународната заедница и му ја подари на Ципрас. Тој како трофеј по голема победа ја подигна во воздухот, по што заедно се фотографираа. Овој чин беше проследен го аплауз од страна на присутните.

 

На почетокот на следната недела, како што информираат од Владата, на владина седница треба да се усвои законот за ратификација на договорот, по што треба да биде испратен во Собранието, каде треба да биде ратификуван.

По ратификацијата следува негово потпишување од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој најави дека нема да го поддржи.

Откако ќе биде доставен до Собранието пратениците треба да гласаат и да го усвојат со обично мнозинство, односно со мнозинство од присутните пратеници. Минимален кворум за работата на законодавниот дом е 61 пратеник, што значи дека 31 треба да гласаат „за“, за договорот биде ратификуван.

Потоа следува негово испраќање до претседателот Иванов, кој има рок од седум дена да го потпише. Доколку Иванов го употреби правото на вето, договорот повторно оди во собраниска процедура, но тогаш ќе мора да биде изгласан со апсолутно мнозинство, 61 пратеник треба да гласа „за“. Договорот во тој случај повторно се испраќа до претседателот, кој според Уставот е обврзан да го потпише.

Имплементацијата на договорот ќе се случува етапно. Ќе стапи во сила откако двете страни ќе го прифатат согласно внатрешни процедури, но доколку која било од страните не го прифати договорот согласно внатрешните процедури тоа ќе значи дека договорот не важи.

За договореното, конечниот збор ќе го имаат македонските граѓани на референдумот, кој треба да се одржи во септември или октомври.

Коронавирус