петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 153
home Вести

ФОТО: Охрид доби кружен тек на расклопување

ФОТО: Охрид доби кружен тек  на расклопување

САМО И ЕДИНСТВЕНО ВО ОХРИД: КРУЖЕН ТЕК НА РАСКЛОПВЕЊЕ, МОДЕЛ 2029та

Инвентивноста на локалната самоуправа во Охрид во полн ек.
Кога сè ќе испокрадиш и ќе ти останат само неколку гумени столпчиња, што ќе направиш со нив? – кружен тек!
Така, градоначалникот Константин Георгиески ги удостои охриѓани со нов кружен тек, каков што нема никаде во светот!
Ова сообраќајно решение со својот уникатен изглед и функционалност е карактеристика само за модерен и голем град како Охрид.
Воедно, ова е и единствениот кружен тек со кој градот, благодарение на инвентивната архитектура, освен што доби олеснета сообраќајна комуникација, доби и нова естетика.
Освен што е економичен заради материјалите од кои е изработен, кружниот тек може во секое време да се отштрафи, а и нема потреба од трошоци за негово разубавување со цвеќа.
Дополнителна придобивка е што ова е единствен вид на кружен тек во светот преку кој може слободно да се премине без никакво оштетување на автомибилите, односно кружниот тек е прилагодлив на секоја марка на автомобил.
Но, ни тоа не е сè, кружниот тек кај Комерцијална банка претставува и вистинска радост за дечињата, затоа што внатрешноста на кругот која наликува на сонценце им изгледа како сликовница.
За велосипедистите пак, овој кружен тек претставува вистински предизвик за да ги испробаат своите велосипедски вештини и да ги поминат „цик-цак“ сите гумени столпчиња. И…не грижете се, не е можно при тоа да се повредат, затоа што столпчињата се виткаат.
Единствено што загрижува е можната реакција на Унеско, кој можеби би реагирал на факот што кружниот тек не е изработен од камчиња, затоа што нели, можеби ќе се наруши автентичноста на охридкста архитектура.
Но, како и да е, Георгиески е тука за за да ги објасни сите придобивки од неговото најкреативно сообраќајно решение, а охриѓани ќе се молат Унеско барем овој пат да им прогледа низ прсти.
Со овој импровизиран кружен тек, Охрид и дефинитивно стана град на кружните текови, град на кој може да му подзавиди секоја туристичка дестинација, напишаа на Фејсбук од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најнови вести

Коронавирус