петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Од почеток на месецов над 300 починати, а Заев и Филипче денеска со мотори на турнеја низ Македонија

ФОТО: Од почеток на месецов над 300 починати, а Заев и Филипче денеска со мотори на турнеја низ Македонија

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска биле на турнеја низ Македонија. Но, не работна, туку на приватна мото-турнеја.

И сето тоа би било нормално, доколку би била нормална и ситуацијата, а не сред ек на пандемијата со коронавирусот.

Додека дневниот црн биланс покажува по околу 50 починати лица дневно, а граѓани протестираат пред министерството за здравство, двоецот Заев- Филипче наместо да се ангажираат да обезбедат вакцини, си се возат со мотори низ Крушево.

Од почетокот на овој месец до сега има над 300 починати лица, болниците се полни со пациенти, а Заев и Филипче уживаат во возењето со скапи мотори и си летаат со хеликоптери.

Само денеска во Македонија починаа 32 лица. Пред министерство за здравство се одржа протест под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“, но ниту ресорниот министер, ниту премиерот ги слушнаа нивните пораки, бидејќи тие денешниот ден си го искористија за нивното луксузно хоби.

 

Коронавирус