сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 77
home Вести

ФОТО: Нов бран на вработувања во Агенцијата за цивилно воздухопловство, плата над 87.000 денари

ФОТО: Нов бран на вработувања во Агенцијата за цивилно воздухопловство, плата над 87.000 денари

Бранот на вработувања во јавните и државните институции не стивнува.

Речиси не поминува ден, а да не се распише нов оглас за вработувања. Како најчести работни места се нудат во министерствата, агенциите, инспекторатите. На огласите обично се бараат по повеќе лица, а за голем дел од нив се нудат и доста солидни плати во зависност од работната позиција.
Последниот од низата огласи за вработување е од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство каде што се бараат дури 5 државни службеници.

Според огласот се нудат доста атрактивни работни позиции меѓу кои советник за аеродромски услуги за плата од 56.320 денари, советник за организации и центар за обука со плата од 56.320 денари, советник односно инспектор за летачки операции со плата од 87.680денари, помлад соработник за преводи со нето плата од 45.600 денари и помлад соработник за јавни набавки со нето плата од 52.440 денари.

Според неофицијалните информации имињата на лицата кои треба да ги пополнат овие работни места се веќе познати, а огласот е објавен само од формален аспект.

Инаку за работа во Агенцијата за цивилно воздухопловство е познато дека се земаат високи ако не и највисоки плати, а јавноста претходно беше сведок на скандалозни вработувања во агенцијата на лица на блиски со министри, директори и различни функционери.

Прашањето на вработувањето во оваа агенција не е проблематично само од аспект на непотизам, туку и од аспект дека се работи за доста одговорна агенција односно работни позиции чии грешки можат да чинат животи.

Коронавирус