понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Невестинска мијачка носија од Галичник

ФОТО: Невестинска мијачка носија од Галичник

Мијачката народна носија покрај мијачкиот регион, застапена е и во Смилево (Битолско), Папрадиште и Ореше (Велешко), Ехловец (Кичевско) и Крушево.

Главна одлика на оваа носија е особено богатиот алов и “кинат”- ажуриран вез, кој главно е застапен на женската носија, и тоа претежно распореден на ракавите и предниците- “партите” од кошулата. Покрај тоа уште се одликува со изобилство на реси распоредени речиси низ целата носија, како и со метален накит, кои на оваа облека и придаваат достоинствен и господствен изглед.

Коронавирус