вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 128
home Вести

ФОТО: Нестручно празнење на акумулациите за производство на електрична енергија

ФОТО: Нестручно празнење на акумулациите за производство на електрична енергија

Нестручното раководење со електроенергетскиот систем на Македонија (МЕПСО и ЕСМ каде спаѓа РЕК Битола), денес се манифестира со економска и еколошка катастрофа.

Имено, сведоци сме дека во само 5 денасе случија два испади на РЕК Битола.На  05.11.2019, при изведување на работни задачи во трафостаницата 400/110 kV – Битола 2,  од погон испаднаа Блок 1 и Блок 3, додека Блок 2 веќе подолг период е во ремонт.На 10.11.2019, поради дефект во котелот од работа испадна Блок 3. Веднаш после овие случувања надлежните институции излегоа со соопштенија дека и покрај дефектите нема потреба од увоз на  електрична енергија.

СДСМ со своето неспособно раководство, недостатокот од потребната енергија во системот на Македонија го надоместува со интензивно работење на хидроцентралите. Притоа, доаѓа до огромно празнење на акумулациите пред зимскиот период, со што неплански се трошат  резерви од вода во акумулациите.Во моментов хидроакумулациите се сведени на историски минимум за овој период од годината на вкупно 24%.

АД ЕСМ јавно се пофали дека во Јуни 2019 продавала вишоци на енергија.

Ги истрошија акумулациите и продаваа вишоци по цена од 41,42 Евра/MWh, во период кога цената не енергијата е ниска, за сега во зимскиот период да увезуваме по многу повисока цена од скоро 70-75 Евра/MWh. Истата можевме  да ја чувавме за непланирани испади, за кога навистина ќе ни треба.

Испразнетите акумулации можат да доведат и до недостаток на вода за пиење на населението и на земјоделските површини. Ова е злосторство врз сопствениот народ и сопствената држава.

За оптимално раководење и управување со хидропотенцијалот од акумулациите треба знаење и искуство. Треба свест и одговорност. Исправно работење при користење на хидропотенцијалот се состои од планирање и прецизно придржување до планот. Сите отстапувања значат дилетантизам во корист на криминалот. Следи не само енергетска катастрофа, туку и еколошка, а невладините еколошки организации молчат.

И додека во енергетскиот сектор глумиме либерализиран пазар, а со сила сме строго регулирани и одржуваме вештачка цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи со помош на Универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ, на подолг период сето ова ќе се удри врз џебот на граѓаните.

Од фотографиите подолу може многу лесно да се забележи опаѓањето на висината на дел од акумулациите.