четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 167
home Вести

ФОТО: Народот на улица со јасна порака: Мафијата да си оди од власт

ФОТО: Народот на улица со јасна порака: Мафијата да си оди од власт

ВМРО-ДПМНЕ за вечерва најави нов протестен марш во центарот на Скопје, но овој пат на друга рута – до Министерството за информатичко општество и администрација и на поинаква тема – против реваншизам и терор врз граѓаните и политичките неистомисленици.

Собирно место за протестниот марш, што ќе почне во 18.30 часот, повторно е Министерствто за правда.

Според ВМРО ДПМНЕ, Македонија е заробена држава од страна на мафијата на власт, а главна одлика на власта се реваншизмот и теророт врз сите граѓани, нивни неистомисленици.

Оваа ненародна власт зема од лебот на народот, за да стави во сопствениот џеб. Стотици луѓе низ цела држава, кои не се истомисленици со Зоран Заев и неговите луѓе се тероризираат и се преместуваат на работни и по повеќе од 50 километри од нивното место на живеење. Оние кои не можат да ги скршат ги бркаат од работа, и оставаат цели семејства со 3 и 4 деца без леб.

Тоталитаризмот на оваа власт го зема својот данок. СДСМ нема проблем да отпушти самохрана мајка од работа, а уште помалку да врши мобинг на работно место. Додека народот нема опција за преживување, тие купуваат луксузни вили на Халкидики. За Заев школки, за народот трошки – Ова е суровата реалност со СДСМ и Заев. Заради целиот терор и реваншизам, за секој избркан од работа, за секое семејство оставено без леб.

На протест, со почеток од 18.30 часот пред министерството за правда, од каде ќе почне протестниот марш до министерството за информатичко општество и администрација. На протест против реваншижмот и теророт.

Изживувањето, отпуштањето и аздисаноста мора да запре – се наведува во повикот на ВМРО-ДПМНЕ за новиот од серијата протести што ги почна пред неколку седмица.

Коронавирус