среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 71
home Вести

ФОТО: Наместо одржување и нова опрема, Шилегов на катната гаража „Тодор Александров“ и даде ново име

ФОТО: Наместо одржување и нова опрема, Шилегов на катната гаража „Тодор Александров“ и даде ново име

Откако во јавноста се појави веста дека Советниците на Советот на град Скопје наскоро ќе гласаат за применување на две катни гаражи во центарот на градот револтирани граѓани го возвратија ударот.

Имено тие му порачаа на градоначалникот на град Скопје да ги одржува двете катни гаражи кои се во катастрофална состојба и наместо да ги преименува да ги одржува и да набави нова опрема.

Сликата на терен во катната гаража „Тодор Александров“ која наскоро ќе биде преименувана во „Беко“ е повеќе од застрашувачка.

Графити има на секој чекор, лифтот не работи, а движењето по скалите и ходниците често наликува на сцена од некој хорор филм.

Инаку пред советниците за седницата закажана за наредниот вторник е и предлог-одлуката за катната гаража „Македонска фаланга” да се преименува во „26-ти јули”, а гаражата „Тодор Александров” во „Беко”.

„Ова е еден пример на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот на 26-ти Јули 1963 година“, пишува во образложението на предлогот.

Коронавирус