вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 158
home Вести

ФОТО: На 2.000 мртви, СДСМ со корона прослава на корона изборите

ФОТО: На 2.000 мртви, СДСМ со корона прослава на корона изборите

СДСМ веќе слави победа на изборите за градоначалник на Штип, објавува 360 степени.

На градскиот плоштад приврзаниците ја прославуваат победата во придружба на музика, а во партискиот штаб пристигна и кандидатот за градоначалник Сашко Николов, кој се очекува да има обраќање.

Во меѓувреме, неколку функционери и истакнати членови на СДСМ преку социјалните мрежи објавија честитки за победата на нивниот кандидат за градоначалник на Штип, Сашко Николов.

Меѓу нив е и партискиот портпарол и пратеник, Костадин Костадинов.

„Огромна победа за победнички СДСМовски Штип, но уште поголема победа за цела Македонија! За модерен, за европски Штип, со мојот другар Сашко Николов“, напиша Костадинов.

Честиташе и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Мојот другар, мојот доктор, Сашо Николов, нов градоначалник на Штип. Честитки Сашо, честитки Штип“, вели Шилегов.

Инаку додека СДСМ слави денеска е забележан нов црн ден во нашата земја, починаа 25 лица, а регистрирани се 613 лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.638, бројката на оздравени пациенти е 49.414, на починати е 2.121, а бројот на активни случаи изнесува 22.103.

Локални избори 2021