четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 85
home Вести

ФОТО: Моето име е Рири и барам дом

ФОТО: Моето име е Рири и барам дом

Моето име е Рири. Го добив од две добри девојки кои ми го спасија животот, а малку недостигаше да завршам фатално. Мојот сопственик ја задржа мајка ми, а мене не сакаше да ме чува и ме остави на улица.

Јас не знаев да се снајдам сама и брзо завршив под тркалата на еден автомобил. Почувствував страшна болка и веќе не можев да се помрднам. Лежев 2 дена сама, со болки без никој да ми помогне.

И тогаш дојдоа моите два ангели, ме кренаа внимателно, ме однесоа на ветеринар и направија се да ми го олеснат животот. Ме лекуваа, ме хранеа, ме гушкаа и за прв пат во животот почувствував како е некој да те сака. Сега ми бараат дом каде ќе бидам сакана и ке се грижат за мене убаво и засекогаш.

Јас сум на возраст од 3 месеци, ќе бидам голем раст, по карактер сум весела, сакам друштво на други кучиња и многу би сакала да бидам во семејство каде ке имам со кого да си играм. Доколку ви се допаднав и сакате да бидам вас најдобар другар засекогаш, пишете им на…….. Контакт телефон 077 596-209