недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Мисајловски и Костовски во посета на манастирот „Св.Никола“ во Љубанци

ФОТО: Мисајловски и Костовски во посета на манастирот „Св.Никола“ во Љубанци

Носителот на листа во ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски утринава заедно со кандидатот за пратеник Дарко Костовски го посети манастирот “Св.Никола” во селото Љубанци.

-Ваквите посети ме исполнуваат духовно и ми помагаат да бидам силен и истраен во она што го работам, а тоа е борбата за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е демохристијанска политичка партија која се темели на вистинските традиционални вредности и токму поради тоа се обврзуваме да помагаме секогаш кога нашата помош е потребна. Се помоливме за здравје на нашите најблиски и за народот на Република Македонија. Посакавме добро здравје на луѓето кои не пречекаа, а за возврат добивме благослов кој сигурно многу ни значи во пресрет на изборниот ден. Македонија изобилува со богатства и наша должност е да ги чуваме, пишува Мисајловски на Фејсбук.

Коронавирус