понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 25
home Вести

ФОТО: Минута молк за Никола Саздовски- со солзи во очи се палеа свеќи на протестот за Саздо

ФОТО: Минута молк за Никола Саздовски- со солзи во очи се палеа свеќи на протестот за Саздо

Мирен протест се одржа вечерва пред Собранието на Република Македонија за прерано починатиот Никола Саздовски- Саздо.

Протестот беше организиран преку иницијатива на социјалната мрежа Фејсбук „Минута молк за Никола Саздовски“.

Стотици граѓани пред фотографија од починатото момче поставена на троатарот пред Собранието, со солзи во очите палеа свеќи.

Меѓу присутните беа и членови на навивачката група „Комити“, чиј член беше Саздовски, како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски запали свеќа и го остави неговиот дресот.

 

Дваесет и едногодишниот Саздовски вчера изутрина во Клиничкиот центар им подлегна на повредите со кои се здоби на 29 јуни во физички напад од страна на три момчиња на автобуската постојка на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје. 

Тројца напаѓачи на возраст од 19, 20 и 21 година, засега се товарат за „насилство“. Двајца се во притвор, а по третиот полицијата сè уште трага. Притворените сè уште не се сослушани бидејќи Обвинителство сака да ги соочи со сите прибрани докази. Тие најверојатно утре ќе бидат изведени пред oбвинител, а ќе ги бранат адвокати по службена должност.

Напаѓачите, на кобниот ден, излегле од автомобилот и го нападнале момчето кое по десетдневна кома, вчера за жал почина од повреди на мозокот. Тоа е резултатот од извршената одбукција која судска медицина денеска ја предала во Обвинителство. А, таму пак, денеска се сослушуваа сведоци и очевидци на бруталниот напад врз 21-годишното момче, кои заедно со материјалните докази треба да помогнат во истрагата, но и за тоа Обвинителството да одлучи дали ќе го преквалификува кривичното дело „насилство“, во „убиство“.

Денеска роднини, пријатели и другарите од трибините на Саздо отидоа на неговиот погреб.

Коронавирус