недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Мицкоски со децата бегалци од Егејска Македонија, Заев на море на Халкидики

ФОТО: Мицкоски со децата бегалци од Егејска Македонија, Заев на море на Халкидики

Утринава во паркот Жена Борец одбележани беа 70 години од прогонот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Цвеќе пред споменик на децата бегалци положија повеќе делегации, меѓу кој од Кабинетот на претседателот на државата, од Светскиот македонски конгрес, цвеќе положија и партиски делегации од ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ.

Граѓаните ги повикаа и СДСМ да положат цвеќе, но откако никој не дојде, тие почнаа да извикуваат „Уа“ и „Македонија, Македонија“.

Подоцна на одбележувањето во Домот на АРМ беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во Фејсбук статус напиша дека Македонците ја носат таа тажна судбина на историјата и историските случувања и балканските премрежја за кои сеуште има живи сведоци. Денес присуствував на петтата средба на насилно прогонетите Македонци за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година што се оддржа во Скопје.

-Луѓето таму со горчина ми раскажуваа како го доживуваат Договорот со Грција при што реалната состојба е дека денес Македонците не се официјално етничко признато малцинство во Грција, а со договорот на Заев и Ципрас, тие веќе нема да бидат признаени, ниту од државата чии корени влечат, од Македонија, пишува Мицкоски.

За разлика од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој денот го одбележа до децата бегалци, македонскиот премиер Зоран Заев денот и викендот го поминува на Халкидики, објави радиото „Тесалоники“.


Заев на викенд одмор таму е отиден со сопругата, во придружба на еден од вицепремиерите кој исто така е со сопругата.

Според грчкото радио, Заев ќе преноќи во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра, и утре се враќа во Македонија. Престојот на Заев во Грција е исклучиво приватен и не се предвидени никакви средби со грчки политичари или функционери.

Фото: thessnews.gr

Коронавирус