среда, 23. септември 2020. Вести денес: 119
home Вести

ФОТО: Мицкоски присуствуваше на литургија во манастирот Св. Наум Охридски на Попова Шапка

ФОТО: Мицкоски присуствуваше на литургија во манастирот Св. Наум Охридски на Попова Шапка

Денеска претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, паратеникот Горан Манојловски и Влатко Ѓорчев го посетија манастирот Свети Наум Охридски на Попова Шапка каде што присуствуваа на литургија.

Чествувањето започна со света божествена архијерејска литургија со која чиноначалствуваа  митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф и митрополитот на европската епархија, Пимен.

Митрополит Јосиф на присутните им го честиташе празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец”  и по повод претстојните божиќни празници, до сите верници упати пораки за здравје, среќа, бериќет, благосостојба и хармонија

Христијан Мицкоски за време на посетата на Попова Шапка имаше можност да се сретне се повеќе луѓе и да разговара за идните планови и стратегии за идните чекори на ВМРО – ДПМНЕ.

 

Коронавирус