вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 167
home Вести

ФОТО: Мицкоски оствари средба со претставници на „Македонија 2025“

ФОТО: Мицкоски оствари средба со претставници на „Македонија 2025“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес  оствари средба со претставници на организацијата „Македонија 2025“ на која се разговарало за актуелната политичка ситуација, економската состојба и стратешките приоритети кои се клучни напредокот на Република Македонија.

Во текот на средбата Мицкоски посочи дека Владата на Зоран Заев не покажува суштински интерес за отстранување на недостатоците поради кои државава не доби датум за преговори.

-Граѓаните се повеќе осиромашуваат поради оваа влада. Постојат 90 илјади блокирани сметки, како и половина милион кои живеат на прагот на сиромаштија. Предизборните покачувања најавени од владата се само нервозен рефлекс откако имаме три години стагнација и неисполнети ветувања, посочи Мицкоски.

Во соопштението од партијата се наведува дека на Република Македонија и е потребна нова влада, влада која ќе донесе реални проекти, а не празни ветувања. Влада која ќе се залага за остварување на проекти, а не влада кој има остварено само 2% од ветеното како што е сегашната.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија ќе се залага за отворен пристап и соработка со стопанството.

Мицкоски на крајот од средбата посочи дека време на реформи доаѓа по изборите на 12-ти април, кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори.