среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 11
home Вести

ФОТО: Мицкоски оствари средба со општинскиот комитет во Карпош

ФОТО: Мицкоски оствари средба со општинскиот комитет во Карпош

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со општинскиот комитет во општина Карпош, а по тој повод објави и статус на својот Фејсбук профил.

-Остварив посета на Општинскиот комитет Карпош. И можам да кажам дека Карпош како и цела Македонија се крева против неправдите и се определува за Обнова на Македонија. Изборот е помеѓу честитост и правда која заедно ќе ја донесеме или арамилук и неправда донесена од Заев и власта. Заев е нервозен затоа што паѓа, и добро знае дека после следи одговорност, и тоа одговорност за неправдите и криминалот, одговорност за корупцијата и назадувањето, стои во неговиот пост на Фејсбук.