понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 85
home Вести

ФОТО: Мицкоски на дружба со младите во Кавадарци, му порачаа дека ја има нивната поддршка

ФОТО: Мицкоски на дружба со младите во Кавадарци, му порачаа дека ја има нивната поддршка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со членовите и симпатизерите на Општинскиот комитет на партијата во Кавадарци, а по состанокот имаше кафе дружба со младите.

На средбата со младите му беше посочено дека Владата на СДСМ ги заборавила младите и нема реализирано ниту едно ветување од дадените за време на изборната кампања.

Тие му посочија на Мицкоски се разочарани што власта не вложува во младите кои се иднина на земјата.

Младите кавадарчани му порачаа на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека го поддржуваат во борбата која ја води против актуелната власт за подобро утре за сите граѓани, а со цел побрзо да заврши ова црно и мрачно владеење на Зоран Заев и СДСМ.