понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 9
home Вести

ФОТО: Мал број граѓани ја пречекаа Шекеринска во Аеродром

ФОТО: Мал број граѓани ја пречекаа Шекеринска во Аеродром

Продолжува референдумската кампања, преку која премиерот Зоран Заев и останатите членови на Владата ги убедуваат граѓаните да гласаат „ЗА“ договорот со Грција, кој предвидува менување на уставното име и Уставот на Република Македонија.

Денеска во Аеродром беше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, но нејзиниот говор таму го проследија само мал број граѓани.

Инаку, во текот на оваа кампања, многу честа слика е на собирите каде одат претставниците од Владата и самиот премиер да има мал број на луѓе, а доста често граѓани од други градови беа носени и со автобуси, како што беше пример минатиов викенд во Скопје, каде многу од скопските улици беа полни со автобуси, донесени за маршот организиран од Владата.