сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 75
home Вести

ФОТО: Македонија има два премиера- едниот никако да се одвикне од старите навики

ФОТО: Македонија има два премиера- едниот никако да се одвикне од старите навики

Социјалните мрежи се преплавени овие денови со фотографии од мобилната апликација каде што Зоран Заев се уште е премиер на нашата земја иако на тоа место има нов технички премиер.

Во дел од коментарите се пишува дека тој никако да се одвикне од старата функција, додека други коментираат дека се работи за еден ист човек иако Оливер Спасовски е новиот технички премиер до изборите во април годинава.

И додека мобилната апликација на Владата не ја ажурира некој, доколку го отворите сајтот од компјутер ќе ви даде дека премиер е Оливер Спасовски со што доаѓа до забуна на граѓаните.

Коронавирус