четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 8
home Вести

ФОТО: Колку СДСМ се грижи за јазикот се гледа по тоа што остава да се распаѓа првото училиште каде отпочнала наставата на македонски јазик

ФОТО: Колку СДСМ се грижи за јазикот се гледа по тоа што остава да се распаѓа првото училиште каде отпочнала наставата на македонски јазик

Во 2019 година, Владата на СДСМ 5 мај го прогласи за Ден на македонскиот јазик, бидејќи на 5 мај 1945 година со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овој потег би бил многу позитивен доколку и мотивот, односно причината беше искрена. Сето ова е само оправдување пред јавноста, односно покривање на последиците од Преспанскиот договор, односно губењето на националните признаци и на македонскиот јазик и на македонскиот народ по предлог на претседателот на Советот за македонски јазик, професорот Људмил Спасов.

Наспроти декларативната грижа за македонскиот јазик, остатоците од првото училиште каде што за прв пат и официјално отпочнала наставата на македонски јазик во селото Подвис, Кичевско, далечниот септември 1973 година, доволно зборуваат за вистинската желба за зачувување на придавката „македонски“, однесувајќи се и на народот и на јазикот.

Дополнителна обврска за грижата на македонскиот јазик е тоа што ова училиште е прогласено и за културно наследство како Спомен-училиште од Народоноослободителната војна на 15 ноември 1978 година.

Објектот каде што и официјално е одржан првиот час на македонски наставен јазик е оставен на забот на времето. Па сега, како македонската држава, историјата ја изградуваме или ја разградуваме.

ЕУРО 2020

Македонија