недела, 26. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Километарски колони на Богородица-Евзони, се чека 1 час

ФОТО: Километарски колони на Богородица-Евзони, се чека 1 час

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу еден час.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, известуваат од АМСМ.

Коронавирус