сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Вести

ФОТО: Кичевчани го потсетија Павле Богоевски на скандалот, ВМРО-ДПМНЕ чека одговорност од пратеникот и негова оставка

ФОТО: Кичевчани го потсетија Павле Богоевски на скандалот, ВМРО-ДПМНЕ чека одговорност од пратеникот и негова оставка

По скандалот кој овие денови ја тресе јавноста, младите од Кичево со порака до пратеникот Павле Богоевски, алудираа тој да си даде оставка од функцијата пратеник во Собранието.

„Павле беше тука“ е една од пораките кои му ги испратија кичевчани на Павле.

ВМРО-ДПМНЕ неодамна преку своја прес-конференција потенцира дека Павле Богоевски го загуби кредибилитетот, и мора да престане да се крие зад такси возачи или било кои други кои ќе му се најдат на патот надвор од Собранието! Одлуките кои се носат во Собранието мора да бидат доносени со чиста свест и целосна одговорност. Богоевски не е ништо повеќе од било кој друг граѓанин кој што бил фатен дека тргува на црниот пазар.

Инаку вчера ВМРО-ДПМНЕ му остави цело кило брашно пред Собранието на Павле Богоевски за да го потсети за оставката која се уште на ја дал.

Помина цела една недела, а Павле Богоевски не си дава оставка, ова вчера од пред Собранието го истакна Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се редат само образложенија што е тоа „пола” што Павле си го нарачува да му го спремат „убаво”. Лажат бе Павле што зборат по градов дека тоа „пола” била бела прашкаста материја што остава траги на носот. Да шмркал Павле кокаин немаше да прифати да биде наркотестиран. Затоа УМС во обидот да помогне на државата да не троши ресурси за да го гони таксистот за да утврди што нарачувал Павле нуди уште една информација од свиркач. Павле подолг период е навлечен на „бело” и тоа тип 500, потенцира Попов.

Тој додава дека затоа му оставаме цело кило квалитетно брашно за да не се резили во иднина пред таксисти да нарачува по пола грам.

-Павле, брашново се купува во продавница исто како и маслото од канабис што се купува во аптека. Заеви ја садат марихуаната. Прашај ги. Немој да се резилиш со вакви образложенија. Ако си по друг бел прашак, следниот пат ќе ти оставиме и за перење. Павле, отвори си пекара и хемиско чистење ако толку си по „бело”. Не вака, штом ќе кренеш рака и прозбориш во Собранието да мислиме дека ти фали „пола” и тоа те вознемирува, вели Попов.