сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 48
home Вести

ФОТО: Каде е Вардар од Вруток во Гостивар ?!

ФОТО: Каде е Вардар од Вруток во Гостивар ?!

Водостоите на повеќето реки во земјава се под просекот за септември, покажуваат денешните хидролошки мерења. Некои се преполовени, а подрастични намалувања бележат Сатеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани, Лепенец кај Скопје.

Измерени се извесни покачувања во однос на просекот, на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, Струмица кај Сушево.

Охридското и Преспанското Езеро се исто така под просекот, но бележат и дополнително снижување за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден. Водостојот на Преспанско Езеро е 11 сантиметри
под апсолутниот минимум. Кај нивото на Дојранското Езеро нема промени.

На социјалните мрежи загрижени граѓани споделуваат фотографии од ниските нивоа на Мавровското, Дебарското и езерото Козјак.

-Ова е Вардар денеска во Гостивар. Во исто време поплава на Матка, браната пуштена на најсилно. Се прашувам каде е Вардар од Вруток до Гостивар? Прашувам дали има поточна локација на некоја брана, препрека или пак ремонт на турбини? Како можевте и Вардар да го пресушите, артеријата, а и брендот на Македонија, пишува на Фејсбук загрижениот граѓанин Илија Вучков.

Коронавирус