петок, 25. септември 2020. Вести денес: 104
home Вести

ФОТО: Јанушев во посета на Чашка, граѓаните разочарани од политиките на СДСМ

ФОТО: Јанушев во посета на Чашка, граѓаните разочарани од политиките на СДСМ

Тим на ИК на ВМРО-ДПМНЕ предводен од генералниот секретар Игор Јанушев, вчера ја посети општина Чашка, при што беше извршена теренска посета и средба со граѓани, но и состанок со ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Чашка.

Од партијата соопштуваат дека граѓаните од Чашка се разочарани од политиките на СДСМ, како на домашен, така и на меѓународен план.

-Лошата економска политика особено во малите места си го прави своето. Граѓаните се соочуваат со зголемени цени на стоките и услугите, а доходот им останува ист. Јанушев објасни дека тоа се должи на безидејноста на власта, која ниту знае, ниту сака да работи за доброто на Република Македонија, а тоа го гледаме и преку криминалните милионски тендери, кои ги добиваат фирми блиси до власта, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Чашка е уште едно од многуте населени места кои се заборавени од актуелната власт. Во Чашка нема инвестиции, нема нови работни места, има само тага и иселување.

-Младите кои останале во Чашка се повеќе размислуваат на заминување од Република Македонија, бидејќи како што велат со СДСМ не гледаат перспектива. Оваа власт покрај безперспективноста дома, ни донесе дебакл и надвор. На меѓународен план видливи се понижувањата, кои оваа власт ни ги приреди со потпишување на капитулантскиот договор со Грција и граѓаните се срамат од ваквиот чин на власта, наведуваат од партијата.

Генералниот секретар потенцираше дека Република Македонија е оштетена страна во овој договор, и дека се губи институционалниот идентитет, културата и историјата.

Штетите кои што оваа власт ги има направено се преголеми и затоа треба да си замине.

Коронавирус