четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 135
home Вести

ФОТО: Инсулин пред истек на рокот се дели на деца и млади луѓе, граѓаните револтирани

Скандалите во Министерството за здравство немаат крај.
ФОТО: Инсулин пред истек на рокот се дели на деца и млади луѓе, граѓаните револтирани

На првата прес конференција која како ново назначен министер за здравство ја оддржа Венко Филипче зборуваше токму за инсулинот, дека нема инсулинска криза и оти нема никаков проблем со лекот, а само неколку месеци подоцна, истиот тој лек го дели пред истек на рокот во септември.

Вчера, инсулини со рок на траење до 9-ти месец им биле давани и на деца.

Граѓаните кои примаат инсулин, револтирано прашуваат како можат да ги употребат сите тие флакончиња со инсулини за 2 недели и дали после треба да го земаат лекот со поминат рок.

-Филипче, што правиш, дали си свесен воопшто што правиш??? На сите дијабетичари тип 1 , меѓу кои најголем процент се деца и млади луѓе, ни дадовте инсулни, чиј што рок е до 9-ти месец !!!! Како можеме да ги употребиме сите тие флакончиња за 2 недели???? Што е ова, бре? Убиство? После треба со поминат рок ли да земаме инсулини? Па вчера вакви инсулини, кои имаат рок на траење уште две недели и кои се донација, им дадовте на деца, кои чекаа пред мене. БРЕ!!! Овие инсулини мене треба да ми траат месец и половина, а рокот е до 9-ти 2018 !! Значи после тоа со поминат рок ли да земам? А бе, што правите? Ова НИКАДЕ ГО НЕМА.

Имено, министер Венко Филипче е син на Илија Филипче, поранешен министер за здравство кој беше поставен на функција од владата на Бранко Црвенковски. Кариерата на Илија Филипче беше проследена со низа на афери и скандали за корупција, меѓу кои најеклатантниот пример беше шверцувањето и препакувањето на лекот „Орацеф“ во различна амбалажа. Оваа афера никогаш не доби разврска.