вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

ФОТО: И за ова ли е Наќе Чулев виновен?!

ФОТО: И за ова ли е Наќе Чулев виновен?!

Денес СДСМ го обвини техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев, за ситуацијата со коронавирусот во Македонија.

На тоа жестоко реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Но во изминатиот период на социјалните мрежи излегоа видеа и фотографии на кои многу јасно се гледа како СДСМ врши поткуп и партиски собири, а со тоа не ги почитува мерките кои сами ги донесоа.

Пред неколку дена објавивме видео на кое се гледа како во Струмица, СДСМ врши поткуп, толпа граѓани собрани еден до друг чекаат пакет.

Во Куманово на плоштадот каде беше присутен и техничкиот премиер Оливер Спасовски мерките не се почитуваа, граѓаните еден до друг, со голема веројатност да се заразат со коронавирус.

Но да не заборавиме и на случајот во Сингилиќ, тогаш Чулев апсеше за прекршување на мерките, а СДСМ и градоначалникот на Гази Баба ослободуваше.

Исто така и генералниот секретар на владата Драги Рашковски беше фатен како ги прекршува мерките.

Директоно поставуваме прашање, и за ова ли е Наќе Чулев виновен, дали некој ќе одговара за ваквиот шарлатански однос на СДСМ?