недела, 27. септември 2020. Вести денес: 73
home Вести

ФОТО: И Меркел се возеше во Мерцедесот за чија набавка е осуден Груевски

ФОТО: И Меркел се возеше во Мерцедесот за чија набавка е осуден Груевски

Германската канцеларка Ангела Меркел беше пречекана денес во Скопје со сите почести и превезувана со блиндираното возило марка „Мерцедес“, за чија набавка беше осуден поранешниот премиер Никола Груевски во случајот Тенк.

Очигледно дека возилото е во одлична состојба и не е уништено и гребено од мачки, како што тврдеа премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, штом сега се користи за делегацијата предводена од канцеларката Ангела Меркел.

Овој владин Мерцедес кој Заев и СДСМ го критикуваа додека беа опозиција, изминатава недела го користеа и Јенс Столтенбер, генералниот секретар на НАТО и Себастијан Курц, канцеларот на Република Австрија при нивните официјални посети на Република Македонија.

Патем Зоран Заев пред некое време тврдеше дека Мерцедесот ќе го продаде за со тие пари да се набават амбулантни возила.

Јавноста сведочи дека ова возило се користи за намената за која е купено, односно со него да се превезуваат делегации на странски земји и странски високи функционери, како и за други намени кога тоа го пропишуваат строгите протоколарни и безбедносни стандарди.

Јавноста оправдано се прашува за што беа осудени Никола Груевски и Ѓоко Поповски, кога изминатиот период, па и денешната посета на Меркел, ги побиваат обвиненијата на СЈО и пресудата во случајот Тенк. Оправданоста на оваа набавка денес доби уште една целосна потврда.

Коронавирус