вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 169
home Вести

ФОТО: Граѓаните со апел до Градот Скопје да прекине да ги копа веќе асфалтираните улици од претходната власт поради нечии бизнис интереси

ФОТО: Граѓаните со апел до Градот Скопје да прекине да ги копа веќе асфалтираните улици од претходната власт поради нечии бизнис интереси

Неефективната работа на градот Скопје се почесто видлива за жителите на главниот град.

Овие денови до редакцијата на КУРИР пристигнуваат фотографии од сообраќајниот хаос во повеќе критични точки во центарот на градот, па така во исто време е затворен булеварот „Партизански одреди“, улицата „Московска“, а блокиран и мостот „Гоце Делчев“ во двата правци.

Револтираните возачи секојдневно упатуваат апели до власта да ја прекине „реконструкцијата“ на веќе постоечки улици кои биле асфалтирани или изградени од претходната власт.

Граѓаните на Скопје особено мака мачат во утринските и попладневните часови кога се блокирани улиците поради непотребната и бавна неефективна реконструкција на улиците.

Па така граѓаните од деловите на Ѓорче Петров, Карпош и останатите населени места во близина на трговскиот центар „Сити Мол“ се фрапирани од хаосот кој е во режија на град Скопје во тој дел од градот.

Имено дел од булеварот е затворен целосно за сообраќај, а улицата која ги спојува овој булевар и булеварот „Теодосиј Гологанов“ е целосно раскопана и блокирана од градежни машини во екот на летниот период.

Граѓаните кои се добро упатени ни испратија фотографии од „Гугул мапс“ каде јасно се гледа дека улицата „Московска“ без потребно се реконструира и до темел се копа, а истото го направила претходната власт пред само неколку години.

Доказ се и поврзаните вести кои може да се најдат на интернет од 2016 година.

Од градот Скопје потврдуваат дека ова не е прва реконструкција на улицата „Московска“ и дека тоа било сторено и претходно.

– Екипите на Градот Скопје на почетокот на месецов ја започнаа реконструкцијата на коловозот на улицата Московска во општина Карпош. Станува збор за реконструкција  на  коловозот  во должина од 690 метри, а за оваа реконструкција се издвоени 8,2 милиони денари. Градежните работи се во завршна фаза.

Изминатиов период (неколку години) на улица Московска беа вршени повеќе градежни активности, каде се изградија нови атмосферска, фекална и водоводна мрежа, па по завршувањето на активностите се вршеа привремени санации за да може нормално да се одвива сообраќајот, додека ова сега е прва и единствена целосна реконструкција која се случува на коловозот на улицата по многу години, стои во нивниот одговор до редакцијата на КУРИР.

Сведоци за нашата екипа велат и дека истото не требало да се прави и со булеварот „Партизански одреди“ кои исто така бил во солидна состојба, а сето тоа се правело поради нечии бизнис интереси.

Коронавирус