сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

(ФОТО) Голем број граѓани се собраа на протестот за поддршка за Груевски, порачуваат неговата борба е и наша борба

(ФОТО) Голем број граѓани се собраа на протестот за поддршка за Груевски, порачуваат неговата борба е и наша борба

Пред Основниот суд Скопје 1 се одржува протест за, како што велат организаторите, правда за Никола Груевски. Голем број граѓани се собраа пред Судот, а потоа излегоа на булеварот, кој сега е затворен за сообраќај.

Насобраните граѓани побараа да престане политичкиот прогон и порачуваа – „Поддршка за Груевски, неговата борба е и наша борба“.

-Почитувани граѓани, Членови на ВМРО-ДПМНЕ, Македонци и Македонки, Браќа и сестри, Цела Македонија е сведок на неправдата која се врши врз поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски. Експресните постапки со скратени рокови имаат за цел единствено ставање во затвор на Никола Груевски, стоеше во повикот за протестот.