четврток, 1. јуни 2023. Вести денес: 55
Во живо

Мицкоски во општина Конче во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“

home Вести

ФОТО: Герила акција за премиерот Заев и градоначалничката на Битола

ФОТО: Герила акција за премиерот Заев и градоначалничката на Битола

Со транспаренти поврзани со случајот „Рекет“, промената на името, како и загадениот воздух група битолчани попладнево пред општинската зграда излегоа на протест.

Како што велат тие, револтирани од актуелната власт, бидејќи многу им ветила а ништо не исполнила.

Инаку вечерва во Битола се одржува редовна владина седница со која раководите претседателот на Владата, Зоран Заев.

Ова е прва седница која се одржува надвор од просториите на Владата во Скопје. На неа покрај премиерот, присутни се и сите министри.