четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 113
home Вести

ФОТО: Државниот секретар за јавна дипломатија му ги објасни на Хан причините зошто Груевски добил азил

ФОТО: Државниот секретар за јавна дипломатија му ги објасни на Хан причините зошто Груевски добил азил

Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан на „Твитер“ денеска побара објаснување од унгарската Влада за доделување на политичкиот азил на Никола Груевски.

На неговото „барање“ му одговори државниот секретар за јавна дипломатија, Золтан Ковач кој му напиша да почне да го чита неговиот извештај од март 2018 година за Македонија во кој што тој навел „ризик од политичко влијание на судството“.

Ковач на Хан му го издвои делот од извештајот за Македонија од 2018 година каде се наведува дека потребни се понатамошни напори за да се сменат последиците од минатиот период и да се гарантира целосна независност на судството во пракса.

Тој наведува и дека се уште останува ризикот од политичко мешање во судството.

Најнови вести

Локални избори 2021