среда, 13. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Демонстрантите во Атина се судрија со полицијата, таа им фрли солзавец

ФОТО: Демонстрантите во Атина се судрија со полицијата, таа им фрли солзавец

Демонстрантите на протестот за Македонија во Грција се судрија со полицијата во центарот на Атина на плоштадот Синтагма, пишува Greek reporter.

Според извештаите, полицијата со солзавец ги раздојувала групите демонстранти. Многу од нив, носеле кациги и грчи знамиња.

Грчките медиуми шпекулираат дека станува збор за членови на десничарската Златна Зора, чии лидери биле исто така на протестот.

Претходно, левичарските групи одржаа контра-протест, на оддалеченост од околу два километри од плоштадот Синтагма.