вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 83
Во живо

Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

ФОТО: Чулев на средба со Сијарто, предадена унгарската донација за полицајците

ФОТО: Чулев на средба со Сијарто, предадена унгарската донација за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, кој со висока делегација на Унгарија е во официјална посета на нашата држава.

Во рамки на средбата од страна на унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто официјално беше предадена донација за Министерството за внатрешни работи која се состои од 100.000 маски и 5.000 заштитни едноделни одела.

Чулев изрази благодарност за донацијата која доаѓа во вистински момент за министерството и е наменета за полициските службеници чија улога во справувањето со корона вирусот е од исклучително значење за државата.

Тој се заблагодари за учеството на унгарските полициски службеници во заедничките операции на јужната граница, кои со својот професионализам активно учествуваат заедно со македонските колеги во борбата против илегалната миграција.

Двете страни разменија информации за мерките што се преземаат за справување со пандемијата  и  заеднички се согласија дека поддршката што доаѓа од страна на Унгарија е значајна за нашата земја и истата е потврда на пријателството и добрите односи кои во континуитет ги градат двете земји.

Коронавирус