сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Чаир контра владата на ДУИ- се вее знамето на Палестина

ФОТО: Чаир контра владата на ДУИ- се вее знамето на Палестина

Откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја стави Македонија на листата на земји кои го поддржале Израел во конфликтот со Хамас, среде Скопје има јавна поддршка за Палестина.

Во општината Чаир во т.н. населба Јаја Паша денеска во знак на поддршка се вее знамето на Палестина.

Според огромниот банер составен од повеќе знамиња официјалната позиција на македонската влада за поддршка на Израел во конфликтот со Хамас, кој заврши денеска со примирје, не важи во овој дел од главниот град.

Предходно премиерот Зоран Заев, МНР на министерот Бујар Османи и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ја поддржаа позицијата на САД и ЕУ кои ги осудија нападите на Хамас врз Израел.

Во Чаир локалната власт ја предводи ДУИ односно партијата на Османи.

Коронавирус