вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 5
home Вести

ФОТО: Царовска го честиташе Денот на победата НА фашизмот

ФОТО: Царовска го честиташе Денот на победата НА фашизмот

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска на Фејсбук го честиташе Денот на победата НА фашизмот.

принтскрин од објавата на Царовска пред истата да биде корегирана

-Честит Ден на Европа и Ден на победата на фашизмот, напиша Царовска на Фејсбук која сака да спроведе промена на наставната програма во основното образование.

Една од промените е воведување на предмет општествени науки во кој ќе бидат содржините од предметите: историја, општествена географија, граѓанско образование, религија, етика.

По реакциите на Фејсбук, речиси еден час по објавата, истата беше корегирана.

ЕУРО 2020

Македонија