недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Бранот на вработувања во администрацијата не стивнува – во моментот активни неколку огласи

ФОТО: Бранот на вработувања во администрацијата не стивнува – во моментот активни неколку огласи

Не запираат вработувањата во администрацијата од страна на владата на СДСМ и за време на предизборниот период. Секојдневно се нудат работни места во државните и јавните институции, а според огласите најчесто се бараат повеќе лица.

За голем дел од нив се нудат и доста солидни плати, односно според податоци се нуди плата од 17.000 па се до на 38.000 денари.

Последните од низата објавени огласи се огласите за вработување во Министерството за економија, министерството за правда, центарот за управување со кризи, Државен завод за индустриска сопственост, јавното претпријатие за железничка инфраструктура, институтот за белодробни заболувања кај децата Козле Скопје, како и нови 27 вработувања во ЕЛЕМ.

Според информациите на овие работни места веќе се вработени партиски кадри, но за да се запази законската постапка се распишуваат огласи чисто од формален аспект, а пак во јавноста се шпекулира дека власта користи одредени шеми за вработување додека на големо претходно ја критикуваше претходната влада за обемот и партизираните институции.

Најнови вести

Коронавирус