понеделник, 3. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Бистро Скопје стана вистински скопски хит!

ФОТО: Бистро Скопје стана вистински скопски хит!

Зошто луѓето веќе три недели по ред го полнат Бистро Скопје? Затоа што одамна Скопје не видело ваква уникатна спојка од врвна музика и специјалитети од реномирани шефови! Омилената дестинација за ручек и вечера полека, но сигурно се претвора во топ место за уживање во маестрални џез стандарди.

Концертите продолжуваат овој петок и сабота (19-ти и 20-ти јануари) со Marija Jazz Quartet предводен од импресивниот џез вокал со огромно искуство Марија Димитријевиќ, заедно со докажаниот Дамир Имери, Кирил Кузманов, Трајче Велков и најдобриот млад џез музичар за 2017-та Виктор Филиповски.

Резервациите одат стандардно, со јавување во Чув де чув на 078 52 05 52 или на [email protected], кои заедно со Бистро Скопје се организатори на овие вечери кои едноставно не смеат да се пропуштат.

Мора да побрзате и да резервирате место веднаш за уживање во ова уникатно искуство кое ретко кога може да се почувствува кај нас.

Најнови вести

Коронавирус