среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Ахмети си држи состаноци во Владата во канцеларијата на Груби

ФОТО: Ахмети си држи состаноци во Владата во канцеларијата на Груби

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети си одржува состаноци во владата во канцеларијата на вицепремиерот Артан Груби.

Имено, Ахмети во просториите на Владата оствари средба со специјалниот претставник на Владата за Бугарија Владо Бучковски, односто средбата се одржала во канцеларијата на Груби.

Ништо не би било спорно околу состанокот, само доколку Ахмети беше дел од извршната власт, а во моментов лидерот на интегративците не извршува ниту една таква функција и де е дел од истата власт а состаноците ги одржува во просториите на Владата на Република Македонија.

Инаку, како што соопштија од ДУИ на состанокот се разговарало за спроведување на Договорот за добрососедство, за актуелните позиции на двете страни и за најдобрите начини за надминување на спорот.

Локални избори 2021