четврток, 22. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Формиран Комитет за земјоделство и безбедност на храна

Формиран Комитет за земјоделство и безбедност на храна

Владата донесе одлука да формира Комитет за земјоделство и безбедност на храна кој ќе ја следи реализацијата на мерките и проектите во врска со агросекторот, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните и ќе дава насоки и предлози заради подобрување на состојбите во тие области.

Со работата на Комитетот раководи премиерот, а членови се и вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори, министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за животна средина и просторно планирање, и за финансии, како и директорите на агенциите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и за храна и ветеринарство, соопшти владината прес-служба.

Коронавирус